РЕЖИМСКОТО ЛАЈНО, ВЛАДИМИР БОЖИНОВСКИ, СЕ ОФАЈДИЛО СО 600.000 евриња ОД БУЏЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА!!!

0
3860

Повеќе од 600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење, покажуваат документите што ги поседува БИРН. Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура.

Неретко, одреден политички проект на институциите што предизвикувал жестоки реакции во јавноста, во анкетите на ИПИС бил претставуван како поддржан од мнозинството граѓани. Таков е примерот со проектот „плата по учинок“ во здравството кој предизвика незадоволство и штрајк на лекарите контра Министерството за здравство. Резултатите на анкетата на ИПИС беа користени како аргумент за исправноста на политиката на Министерството кое истовремено ги нарачувало и плаќало услугите на овој Институт.

Исто така во екот на политичката криза пред настаните на 27 април и упадот во Собранието ИПИС излегува со нова анкета во која се заклучува дека паѓа рејтингот на СДСМ што во провладините медиуми се пренесува со заклучокот дека „граѓаните на Република Македонија не ја поддржуваат Тиранската платформа“.

Гораст Стојменовски, основач и претседател на ИПИС тврди дека е точно дека се склучувале голем број договори со државните институции и дека најголем дел од нив се реализирани и исплатени, но додава дека тоа нема никаква допирна точка со анкетите за јавното мислење.

„Ако во анкетите ние нешто излажеме или дадеме неточни информации, како би можеле повторно да соработуваме со истата институција? Лажирање на резултати од јавно мислење не би носело ништо друго освен краткорочен ќар, а ние постоиме од 2010 година и редовно се наоѓаме меѓу првите кои секогаш даваат најточни резултати во однос на политичката сцена“, вели Стојменовски.

Целиот текст на Призма на следниот линк ОВДЕ..