Режимските копитари од Уставниот суд ја затворија за јавност седницата помилување на изборниот криминал

0
1258

Седницата на Уставниот суд што треба да се одржи утре и на која судиите треба да расправаат за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал е затворена за јавноста, пренесува „Мета“.

Оваа информација пред малку беше објавена на интернет-страницата на судот, иако според членот 83 од Деловникот на судот, седниците се јавни.

Неофицијално, од извори во Уставниот суд, дознаваме дека одлуката за затворање на седницата не е донесена во консултации со другите судии на т.н. „колегиум“, односно дека таквата одлука е еднострана.

Од Уставниот суд велат дека седницата е затворена за јавноста поради безбедносни причини, затоа што се закажани неколку протести.

На прашањето дали одлуката е донесена еднострано или со согласност од сите судии, не добивме одговор. Судијката задолжена за контакт со новинарите ни рече дека нема информација како е донесена одлука и кој ја донел, а не знаеше да нè упати и каде да прашаме.

Според членот 85, „јавноста во работата на Судот на јавната расправа, седницата и подготвителната седница може да се исклучи ако тоа го бараат интересите на безбедноста и на одбраната на земјата, чувањето на државна, службена или деловна тајна, заштитата на јавниот морал и во други оправдани случаи што ги определува Судот“.