Режимската кокошка Парнарџиева – Змејкова после оставката поради смртта на Тамара сега е ангажирана во Финансии?

0
543

Поранешната директорка на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Маја Парнарџиева – Змејкова, како што неофицијално дознава Плусинфо, е ангажирана во Министерството за финансии, институција во која работеше пред да седне на директорското место во ФЗО.

zmejkova

Според извори во министерството, поранешната директорка има договор за консултански услуги, а надоместокот што го добива е повеќе од солиден за македонски услови, велат доброупатени извори на Плусинфо.

Вработените, како што дознава порталот, коментираат и дека не им е до крај јасно што точно Парнарџиева – Змејкова работи, односно какви работни обврски извршува.

Во Министерството за финансии прашале дали Парнарџиева – Змејкова ја ангажирале како консултант, но оттаму не добиле никаква информација – ниту потврда ниту демант, ниту пак некакво објаснување за тоа што точно предвидува договорот за консултантски услуги.

Парнарџиева – Змејкова си поднесе оставка од раководната фунција во ФЗО по случајот со Тамара Димовска, девојче кое почина додека чекаше да и биде одобрено лекување во странство. Таа важи за многу близок човек на раководството на владејачката партија, па беше изненадување нејзината одл