РЕЖИМОТ ја избрка од работа најдобрата наставничка за минатата учебна година

0
356

44334232332-405x540

Професорката по биологија Слаѓана Стаменкова е избрана за најдобар наставник за 2014/15-та година од страна на Сојуозот на просветни работници на РМ. И само што ја избраа ја избркаа од работа. Годинава биле наградени седумина наставници од основно и средно образование. Ова е престижна награда меѓу наставниците затоа што се мерат сите резултати во текот на школската година, а многумина коментираат дека наградата се доделува чесно. Но, признанието на Стаменкова и е залудно затоа што во ВМРО ДПМНЕ решиле дека нема повеќе место за неа како наставник, односно како директор на Јавната ученичка установа „Здравко Цветковски“, пишува Фокус.

Во деновите кога Сојузот на наставници ја прогласува за еден од најдобрите педагози на Стаменкова не само што и следувало разрешување од директорската позиција, туку таа е одјавена од Заводот за вработување. Како што пренесува таа, цела година и го токмеле разрешувањето, но дека целосно ќе остане без работа не ни помислувала.

Ситуацијата кулминирала кога Лиле Поповска со ДОМ се повлекла од владината коалиција во мај. Со оглед дека Стаменкова е кадар на ДОМ и раководи со партиската комисија за животна средина, настрадала за неколку дена. Имено, по повлекувањето на Поповска, Стаменкова веднаш била разрешена, иако многумина од вработените пренесуваат дека постигнувала солидни резултати.

Повеќе од текстот на Фокус на следниот линк ОВДЕ..