РЕЖИМОТ утре свикува итна седница на Уставниот суд за уривање на СЈО?!

0
554

Уставниот суд на Република Македонија утре би можел да одржи итна седница, со цел да го прогласи Специјалното јавно обвинителство за неуставно, дознава Плусинфо од извори во судот.

Ваква седница на Уставниот суд беше планирана за неколку дена, но како што пишува порталот, попладнево итно е подготвено ново сценарио, со цел д се пресретне утрешната прес-конференција на СЈО на Катица Јанева.

Власта очигледно има информации дека СЈО утре ќе ги прогласи решенијата на претседателот Иванов за аболиција за ништовни, и можеби ќе објави покренување истрага за нов случај, пишува Плусинфо.