Monday, February 10, 2025
2.8 C
Skopje

РЕЖИМОТ УДРИ ПО КОНКУРЕНЦИЈАТА НА ПЕЛИСТЕРКА И ДОБРА ВОДА ИЛИ ПАК ФАМИЛИЈАТА САКА ДА ЈА ЛАПНЕ И ОВАА ФАБРИКА: Синоќа уапсен сопственикот на Горска Вода поради наводен криминал стар 11 години!!!

gorska voda

Синоќа е уапсен и поднесена му е кривична пријава за наводно поттикнување на злоупотреба на службена положба на сопственикот на Горска Вода. Криминалот наводно е направен во далечната 2004-та година?!?! Се работи за парцелата на фабриката во Конопиште, Кавадарци, каде се произведува Горска Вода.

gorska fabrika

Очигледно е дека се работи за политичко-бизнис пресметка затоа што конкурентите на Горска, Пелистерка и Добра Вода се блиски до власта, па можеби Мијалков и Груевски сакат да им учинат на бизнис пријателите!

Инаку апсурдно е да затвораш таков гигант за катастарска грешка од пред 11 години, а во исто време даваш државно земјиште на разни Субрата Рој мафијаши и спроведуваш легализација на диво изградени објекти и продаваш државно земјиште по едно евро квадрат…

Апсурдно е да даваш милиони евра субвенции на странци да отвораат фабрики а да ги затвораш домашните фабрики поради катастарска грешка стара 11 години.

Но ВМРО ДПМНЕ всушност 10 години владеат како мафија, како нарко картел, се пресметуваат со бизнис секторот, собираат рекет, преземаат фабрики, креваат објекти со динамит на оние кои се непослушни. Сето тоа можевме да го чуеме и од снимките од бомбите на Заев.

gorska gora sok

Инаку Горска беше во голем налет и почна да произведува и сокови а од пред неколку недели и пиво па стана закана за производителите на сокови и пиво кои можеби исто така притиснале Горска да биде уништена.

gorska pivo

Можно е да газдата на Горска одбил да даде рекет или пак одбил да ја продаде фабриката на фамилијата на власт како што се случи со гигантот за производство на млечни производи, Здравје Радово и редица други гиганти кои станаа сопственост на Орце Камчев и газдите на Пелистерка.

Исто така да потсетиме дека операцијата за уништување и преземање на гигантот Жито Вардар од Велес е при крај, процесот почна слично како и со Горска, прво кривична од пред една година за газдата Ристо Ташев за наводна злоупотреба на државна пченица и на крај гигантот Жито Вардар сега е на колена и најверојатно ќе биде купен за бадијала, или за џабалак како што би рекол премиерот…

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИ СТАНОВИ ЗА 1.000 ЕВРА ПО м2 ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО БИТОЛА

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови...

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОНТРЕАЛ

Отстранувањето на снегот на тротоарите и улиците низ Монтреал,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ