РЕЖИМОТ УДРИ И ВО ПРИЛЕП : Жарко Стеваноски, адвокат и учесник во Шарената револуција заврши во полициска станица

0
937

Граѓанскиот активист, адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп, истаканат поддржувач и учесник во протестите на Шарената револуција во Прилеп, утрово е повикан на разговор во Полициската станица

„Повикан сум на распит за наводен сторен прекрошок според чл.191 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Сметам дека ова е само уште еден начин на демонстрирање на притисоците врз учесниците во Шарената револуција“,вели активистот Стевановски.

-3

„Во петокот ми беше одземена возачката дозвола, за прекршок направен пред две години (за брзо возење) за којшто ми била извечена мерка забрана за управување со возило во времетраење од 3 месеци. Но, досега не ми беше доставена ниту уредна покана од МВР, а сега, веднаш се интеревенира. Јас не гледам друга причина, освен  демонстрирање притисок. Не сум ги прекршил законите во државата, со моето учество во Шарената револуција. Напротив, јас како адвокат, сум исклучиво за примена на законската регулатива, впрочем, тоа е целта на протестите, да се врати законот и правдата во државата. Но, не по принцип на селективна правда, според кој криминалците ќе се штитат за извршени кривични големи дела, а ние обичните, цивизилирани граѓани ќе трпиме притисок, особено тогаш кога ќе го кренеме гласот барајќи правда за сите. Нема правда, нема мир!”, изјави за ЦИВИЛ Медиа, адвокатот Стеваноски, кусо пред да влезе во Полициската станица.

Прилепската полиција, деновиве го казни и сопственикот на возилото, на коешто беше ставено озвучувањето што се користи секоја вечер при протетсите на Шарената револиција. Изречена е казна од 30.000 денари, затоа што возилото не било регистрирано навреме.