РЕЖИМОТ со креирани сценарија и со помош на КОПИТОТО Зврлевски ја засилува хајката против Заев: Членови на СДСМ и вработени во општината повикани на распит за наводни изборни манипулации!

0
538

Два компјутера во сопственост на општина Струмица утрово се одземени од истражители на Обвинителството за орагнизиран криминал, јавува „Телма“.

На разговор биле повикани околу 10 луѓе дел вработени во општината а дел членови на СДСМ од овој регион а меѓу нив и координаторот за изборна единица 4, Телма дознава од свои извори во струмичката општина.

Според налогот со кој влегле во општината, целата на ова обвинителство била откривање на наводни изборни манипулации и поткуп.

Неофицијално Телма дознава дека распитот и истрагата се однесува на првиот круг на претседателските избори во 2014.