РЕЖИМОТ ПРОДОЛЖУВА СО ОБИДОТ ДА ГИ НАПРАВИ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМБЕЦИЛИ И МАГАРИЊА : Пратениците на ДПМНЕ ќе гласале против импичмент на Иванов, направил грешка човекот ама не го прекршил уставот?!?!

0
498

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициски парнтери, за предлогот за формирање комисија за утврдување одгворност на претседателот Иванов, ќе гласаат против, информира координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

„Иванов не го прекршил Уставот, „без разлика дали некому тоа му се допаѓало или не“, вели Димовски.

Тој повика иницијаторите за формирање на ваквата комисија да ја повлечат одлуката, бидејќи таа според него нема уставна подлога, а од друга страна е сосема јасно дека нема да помине во Собранието затоа што ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери ги имаат мнозинството гласови.

– Мислам дека одлуката на Иванов за помилување не беше потребна во овој момент, но судење на претседател за одлука која има право да ја донесе е неприфатливо. Иванов има политички легитимитет и неговото дејствување е од сериозно значење за државните институции, изјави Димовски според кого постапката за импичмент е во ислулчително погрешно време.

Во 13 часот пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за основање на Комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

Ова е нај идиотски став на политичка партија во историјата на политиката, од античко време па до денес! Да го браниш човекот кој ја втурна Македонија во судир со ЕУ и НАТО, човек кој всушност го брани лидерството на ДПМНЕ од одење во затвор, кога официјално како партија негодуваш против таа постапка на претседателот е невидена политичка шизофренија и детска играрија со која е навредува интелигенцијата на нацијата!!!