РЕЖИМОТ ПОЧНА ДА ЛУМПУВА И ДА УЛАВЕЕ: Упад во просториите на СДСМ во Штип

0
510

Непознати сторители извршиле упад  во канцелариие на штипските социјалдемократи и  ја уништиле партиската докуменатција, пренесува „Телма“. Претседателот на општинската организација, Владимир Милошев вели дека во просториите е влезено на сила со обивање на вратите. Покрај тоа што е уништена партиската документација, сторителите на овој чин зад себе оставиле и уништен инвентар.

Канцелариите на СДСМ во Штип се наоѓаа на нај нефреквентниот дел од Трговскиот центар. Социјалдемократите велат дека инцинедтот го забалежале доцна попладнево, а се претпоставува дека вандалите упадот го извршиле синоќа или во раните утрински часови. Полицијата извршила увид во штабот на СДСМ, земени се и отпечатоци од искршениот инвентар. Истрагата треба да покаже дали станува збор за упад извршен од крадци или пак станува збор за  политички провокатори.

Видеото ОВДЕ