РЕЖИМОТ ПОЧНА ДА АПСИ ДЕМОНСТРАНТИ: Членови на ЛЕВИЦА повикани во полиција и задржани!

0
435

Денеска на информативен разговор во полиција, по повод протестите против абоилицијата на Иванов, се повикани неколку членови на ЛЕВИЦА. Здравко Савевски во моментот е задржан во полиција, а веќе попладне сите ќе бидат однесени пред обвинител, јавуваат од партијата.

„Борците за правда, за правна држава, за демократија се приведени од аболицириани криминалци. Апсурд над апсурдите, неправда над неправдите! Која е заднината на ова? Стравот од се поинтензивните протести против срамната аболиција на претседателот. Стравот од тоа дека ќе се види нивниот криминал. Самите се аболицираа, за да се спасат, пред очите на целата македонска и странска јавност. Бесрамно! Исто толку бесрамно ги приведуваат тие кои се борат за правда“, велат од ЛЕВИЦА.

Во 13 часот пред Основен суд I ЛЕВИЦА ќе оддржи прес конференција за медиуми.

„Дојдете сите кои сте на страната на прадвдата и на странта на вистината.

Другарки и другари, се работи за страшен режим кој гази се пред себе. Да ги заштитиме борците за правда!“, апелираат од партијата.

(Информацијата е проследена од страна на Ана Глигорова, член на раководството на партијата)