Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.
Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО.
– Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше. На граѓаните им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши движењето и да се спаси. Граѓаните препознаваат селективна правда и затоа денеска ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата – велат од Левица.