РЕЖИМОТ ПАДНА, БРАТОТ КУРТУЛИ ПО СУДСКИОТ ПРОГОН КОЈ МУ ГО ПРАВЕА 10 ГОДИНИ: Ослободителна пресуда за Бошкоски и останатите обвинети од МВР за „Ровер“, доживотен затвор за тројца Срби!

0
799

Kривичниот суд денеска донесе ослободнителна пресуда за поголемиот дел од обвинетите во случајот „Ровер“, односно судот одлучи дека Љубе Бошкоски, Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година, објави Фокус.

-Фактичката состојба е утврдена. Во 2001 имало тепачки меѓу Маријан Тушевски и Орце Коруновски, по што ангажирал странски државјани за да го ликвидираат, рече судијата Илија Танев.

Овој случај седум години се влечеше низ судските лавиринти. Досега беа донесени две првостепени пресуди, но Апелациониот суд ги укина, по што во октомври 2015 година судењето почна по трет пат.