Режимот ненајаден и ненапиен: Владата за чоколади и за пијалаци ќе спичка 24.390 евра

0
607

Додека голем процент од граѓаните во земјата живеат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните егзистенцијални потреби, Владата продолжува да се луксузира, се вели во февруарскиот билтен за состојбите со корупцијата на „Транспарентност Македонија“, а кој се однесува за делот на јавни набавки.

– Службата за општи и заеднички работи при Владата, за износ од 1.500.000 денари (24.390 евра), ќе набавува колонијални производи, кондиторски производи (чоколади), пиво, вино, жестоки пијалаци и ликери, а само за вино ќе потроши 563.918 денари (9.169 евра) и за ракија 73.610 денари (1.196 евра).