РЕЖИМОТ ИЗДИШУВА – Сашо Мијалков потклекна под притисоците: Се откажувам од дипломатскиот пасош иако уште не сум го ни подигнал!

0
538

Mijalkov-diplomatski-pasos-ekspert

Дипломатската патна исправа, која согласно закон и дискреционо право на Министерот ми беше доделена од МНР, се уште не сум ја подигнал ниту употребил, изјавил поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков за Прес 24 и додава дека СДСМ го става фокусот на црна кампања, бидејќи нема што друго да им понуди на граѓаните.

– Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните, сосема е очекувано, СДСМ преку нивните медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација – вели Мијалков.

За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, додава тој, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа.

– Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ. Не сум потклекнал пред многу посериозни притисоци и закани па нема ни сега. Убеден сум дека граѓаните во април јасно ќе им порачаат на СДСМ што мислат за нивната деструктивност исто како што им порачуваа изминативе 10 години – порачува поранешниот шеф на ДБК.