Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ,,EMPOWERED” ВО СКОПЈЕ ГИ ОБЕДИНИ АКТЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИЈА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Денес во Скопје се одржа регионалната конференција „Empowered – Предизвици и можности за работна и социјална инклузија на лицата со попреченост во регионот на Западен Балкан“,на која присуствуваа над 100 учесници од целиот регион, меѓу кои претставници на министерства, меѓународни организации, здруженија на лица со попреченост, локални власти и експерти.

Конференцијата беше свечено отворена од заменик министерот за  социјална политика, демографија и млади на Република Македонија, Ѓоко Велковски, кој во своето обраќање истакна:

„Со јасна визија, со силна политичка волја и со партнерства што го надминуваат националниот интерес, денес покажуваме дека Република Северна Македонија не чека – туку дејствува. Оваа конференција не е само форум, туку политичка и општествена порака дека сме подготвени како Влада, како институции и како општество да вложиме во инклузивни политики кои носат реална промена на терен. Нашето политичко делување и заложба е едноставно – никој не смее да биде изоставен. Не само на хартија, туку во реалноста.“

Во рамки на трите тематски панели – Inclusive Balkans, From Policy to Practice и The Way Forward, учесниците дебатираа за предизвиците и можностите поврзани со вработувањето, образованието, пристапот до услуги и меѓусекторската соработка. Посебен акцент беше ставен на потребата од зајакнување на јавно граѓанско приватните партнерства и ефективно искористување на постојните фондови за локална инклузија.

Како еден од клучните резултати беше постигнат консензус за формирање Регионална работна група за инклузија на лицата со попреченост, како и иницирање на заедничка Декларација за инклузија на ниво на Западен Балкан. Учесниците претставија добри практики и идеи за конкретни проекти кои ќе се реализираат во партнерските заедници во наредните години.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ