Револтираните сопственици на угостителските објекти и кафеани на Кејот на Вардар кај Жерновски: Кејот не смее да стане улица

0
547

zenovski-590x320

Сопствениците на угостителските објекти и кафеани на Кејот на Вардар, денеска остварија средба со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Тие се загрижени и револтирани од одлуката на Град Скопје за изградба на надземна улица на Кејот.

„ Оваа непромислена одлука ќе значи уништување на познатото скопско шеталиште, ќе го наруши слободното движење во центарот на градот и ќе го обезличи еден од главните симболи на Скопје-Градскиот трговски центар“, велат сопствениците.
Од градоначалникот Жерновски побараа да преземе се што е во негова надлежност за да се спречи изградбата на ваква улица.

„Во светот од улици прават кејови, а кај нас Град Скопје од познат и убав кеј сака да направи улица“, рекоа сопствениците.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги информираше дека внимателно ги следи случувањата, и најави дека утре ќе ги соопшти ставовите и конкретните чекори кои општината ќе ги преземе.

На социјалните мрежи граѓаните веќе масовно се мобилизираат за да се спротивстават и да ја спречат одлуката на градските власти. Групата за поддршка брои 11.000 подржувачи.