Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

РЕАЛ МАДРИД ПРЕКУ КОНТРОВЕРЗНИ СУДИСКИ ОДЛУКИ ГО ПРЕЖИВЕА ПЕНАЛ РУЛЕТОТ СО ГРАДСКИОТ РИВАЛ АТЛЕТИКО МАДРИД, ОВА СЕ ЧЕТВРТФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Реал Мадрид преку контроверзни судиски одлуки, преку пенал рулет успеа да го елиминира Атлетико во драматичен меч на „Метрополитано“ во Мадрид. Бранителот н титулата, победи по изведувањето пенали со 4:2. Претходно натпреварот заврши со резултат 1:0.

Атлетико, вечерва одигра подобро од својот ривал и покрај тоа што поседот на топката беше на страната на Реал. Играчите на Карло Анчелоти упатија само два удари и двата не преставуваа никаква опасност за Јан Облак.

На спротивната страна Тибо Куртоа имаше седум интервенции.

Конор Галагер ја анулира предноста на Реал (2.1) од првиот меч по само 27 секунди игра. Реал најдобрата шанса ја имаше во 70.минута кога ударот на Винисиус од пенал заврши далеку крај стативата.

Но сепак пенал рулетот го реши мечот по контроверзната одлука на судијата по изведувањето пенал од страна на Алварез во втората серија. Аргентинецот се лизна и два пати играше со топката, поради што голот беше поништен.

Претходно во првата погодија Мбапе за Реал и Серлот за Атлетико. Во втората сигурен за Реал беше Белингем. Во третата погодија Валверде и Кореа. Облак му го одбрани идарот на Васкез, а по него Љоренте ја погоди гредата. Конечно Ридигер со ммногу среќа погоди во последната серија и го однесе Реал во четвртфиналето.

Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра против Арсенал.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

ХОРОР ВО ВОЛКОВО : КИРАЏИЈА ГО УБИЛ ГАЗДАТА, ГО ЗАСТРЕЛАЛ НЕГОВИОТ СИН А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ