ЦАААААААААААААРРРРРРРР! НЕВИДЕНА АВАНГАРДА!!! Реакција на прилепчанецот кој ги искрши стаклата на општинската зграда во Прилеп

0
952

По вчерашниот инцидент кога 22 годишно момче од Прилеп со лопата во раните утрински часови ги искрши стаклата на општинската зграда во Прилеп, се појавија многу написи кои го поврзуваат со Генералот Стојанче Ангелов, додавајќи му на инцидентот нагласена политичка нота.

Nikola3

На ваквите пишувања, со реакција до нашата редакција се огласи и момчето кое стои зад вчерашниот инцидент.

Реакцијата на момчето ви ја пренесуваме интегрално во целост :

Со одбивност ги следам реакциите кои проследија после тоа кое го сторив во афект и алкохолизирана состојба, и најпрво сакам да ги отфрлам сите написи кои ме поврзуваат со Генерал Стојанче Ангелов, како и дека зад овој инцидент стои сценарио на Заев, за насилство, дестабилизација и внесување на немир кај граѓаните преку Генерал Стојнче Ангелов.

Тоа што го направив е единствено момент на афект и алкохолизирана состојба, дело за кое жалам што го направив.

Што се однесува до фотографијата кои некои медиуми сакаат да ја искористат за дневнополитички цели и политички пресметки, сакам да кажам дека исто како што се имам фотографирано со Генералот Ангелов, се имам фотографирано и со министри од актуелната влада, што селективното користење на фотографиите од мојот Фејсбук профил го прави тенденциозно и злонамерно, со цел за намерно искривување на сликата за инцидентот, ставајќи го во политичка конотација.

Исто така сакам да ги отфрлам и сите обвинувања на медиумите кои ме поврзуваат со други дела на насилство и кршење на законите, кои инаку би и биле предходно познати на полицијата.

Nikola1 Nikola2

Извор : 10bez10