Реакција на ,,Народен Глас” по повод заканите на ,,Орка Холдинг” за јавно извинување

0
1662

 Почитувани,

Во врска со објавениот текст на Вашиот Портал www.narodenglas.com, со наслов „ДОЛГО Е РАЧЕТО НА ТЕЛЕФОНИСТОТ МИЈАЛКОВ И РЕЖИМСКОТО МИЛЕНИЧЕ ОРЦЕ КАМЧЕВ, ПИПЦИТЕ НА РЕЖИМСКИОТ ОКТОПОД НЕМААТ УСУЛ : Фабриката на Џонсон контролс во Струмица доби нов сопственик – Фирма од даночниот рај Каналските острови“ бараме веднаш да се извините јавно за изнесените шпекулации и да ја повлечете веста, со оглед на фактот дека манипулирате со читателската публика преку употреба на името и фотографија на Генералниот директор на Орка Холдинг, господинот Јордан Камчев, со што свесно ги доведувате Вашите читатели во заблуда.

Вашите текстови немаат врска ниту со слобода на јавно изразување ниту со професионално известување, туку станува збор за Вашата основна цел – дискредитација на приватни лица и компании кои обезбедуваат егзистенција на илјадници семејства.

Согласно законот за граѓанска одговорност, за навреда и клевета, Ве информираме дека доколку не се извините јавно и не ја повлечете веста (член 13 од Законот), ќе бидеме приморани на секој можен начин, пред институциите да го одбраниме тоа што макотрпно сме го граделе со години и да ги преземеме сите дејствија кои ги предвидува Законот за граѓанска одговорност.

Со почит,

Служба за корпоративни комуникации

и односи со јавноста

Орка Холдинг АД Скопје

odgovor1 odgovor2

Почитувани,

Едно од основните права кое е регулирано во Законот за граѓанска одговорност, на кој се повикувате, е правото на објава на демант. Доследно на тоа, ние Ви доставивме демант со барање за извинување имајќи го пред сѐ фактот дека насловот на објавена вест на Вашиот портал најнапред е неточна, а потоа и шпекулативна.

Наместо објава на нашиот демант Вие го објавувате Вашиот одговор на нашиот демант, кој притоа не сте го објавиле. Токму тоа е злоупотреба на јавен медиум и јавно информирање по сите стандарди и непознавање на нивните основи.

По однос на слободната интерпретација на Законот за граѓанска одговорност на Вашиот полномошник не сакаме да полемизираме од причина што е надвор од секоја правна логика и не заслужува никаков коментар.

Уште еднаш Ве повикуваме да се држите кон основните правила на новинарската професија за точно, вистинито и објективно информирање. Не дозволувајте да Ве снајде судбината на многу започнати а незавршени „проекти” кои се темелат исклучиво на шпекулација и сензационализам, бидејќи одговорноста на која толку многу се повикувате е институт кој важи и за Вас.

Со почит,

Служба за корпоративни комуникации

и односи со јавноста

Орка Холдинг АД Скопје