Геро пак плаче и навредува, ама така “обединува” … Јас не знам како реагирале другите од групата во која ме ставил (во која нема ЕДЕН кој не ме плукал и клеветел), но знам дека имам аргументи зошто ова ребрендирање и гледање на едно око (Преспа е добра, само Софија не чини) нема да даде никаков резултат. Селективен патриотизам во тесна одбрана дружина е далеку од она што јас го очекувам од интелектуалци.
Јас Миленко не можам да го смислам и не знам колку одвратни работи напишал за мене, но за разлика од некои, него го гледав на протестите против Преспа која Геро и денес ја смета за вредна за Нобел. Ако треба и сама ќе бидам против обединетите, ама Преспа не ја простувам: свесно поддржаа велепредавство!
Фејсбук статус на професорката Билјана Ванковска.
