РАСКОЛ ВО ЛЕВИЦА – ДАРКО ОД ПУКА КОЗМЕТИКА : ПОВЕЌЕ НЕ СУМ ЧЛЕН НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА, АПАСИЕВ НЕ ПРЕДАДЕ, ТАМУ НЕМА ИДЕОЛОГИЈА, ИМА САМО БЕЗКИЧМЕЊАЦИ, ИНТЕРЕСЏИИ И ПОЛТРОНИ!

0
508

⚠️Почитувани ДРУГАРИ, пријатели, роднини како и цела македонска јавност⚠️
🗣Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА.

Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен.

▶️Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни “чисти” кадри.

👉Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица).

🔴Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло.

🔴Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена.

✖️Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува.

Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет.

🚩Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто “СМРДИ”, а смрди КОРНЕ.

🔍Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ?

Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА.
⚰️ПРЕДАДЕНИ СМЕ 🙁

⚒️Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе.

Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!!
🇲🇰Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години.
П.С.

⛏️Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник.

Фејсбук статус на Дарко Масларковски.