Рангелова: Од што се плаши Мицкоски? Нека излезе на конгрес па ако членовите и делегатите го сакаат, ќе го изгласаат пак

0
791

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на дебата во „360 Степени“ зборуваше за последните случувања во партијата и последната седница на Централниот комитет на која лидерот Христијан Мицкоски предложил да се одржи вонреден конгрес на којшто тој нема да се кандидира за лидер а ЦК го отфрлил тоа негово барање.

„Ако не е трагично, мислам комично ќе биде а и веќе е трагикомедија ова што се случува во ВМРО-ДПМНЕ. Кога сакате да поднесете оставка, т.е. да предложите да си ја потврдите довербата, дали ве поддржуваат или не членовите на ЦК, вие не спремате ИК, па со готов извршен одите на централен, па кажете сега дали ме поддржувате. Тој што не се плаши од членството, од ЦК, од конгрес, веднаш, ако на 15 јули биле изборите, на 16 излегува… еве, ај почекавме, не направи влада. Излегува и вика – јас чувствувам потреба да поднесам оставка. Повикувам ЦК да организира конгрес. Ако го сакаат членовите и делегатите, ќе го изгласаат. Од што се плаши Мицкоски“, прашува Рангелова.