РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА ВО БОСИЛОВО И СТРУМИЦА : СО ИНВЕСТИЦИИ ВО МОДЕРНИ ПАТИШТА ГИ ПОВРЗУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ, ЗА 6 ГОДИНИ РЕАЛИЗИРАВМЕ НАД 1.400 КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА

0
632
Во рамките на теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо до победа“, членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Пламенка Бојчевска со граѓаните на општина Босилово разговараа за инвестициите во инфраструктурата.
Со вложувањата во инфраструктурата го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните. Преку инвестициите во модерни патишта ги поврзуваме граѓаните, им ја олеснуваме работата на компаниите. Оваа Влада на СДСМ има резултати како ниту една досега, за само шест години реализиравме над 1.400 километри патишта. Граѓаните од југоисточниот дел на нашата татковина тоа сметам дека многу добро го знаат. Со инвестиција од 42 милиони евра направивме нов ексрпресен пат од Струмица до Штип, преку Радовиш. Го обновивме и патот Струмица-Ново село. Го започнаме најголемиот, најважен и највреден проект во инфраструктурата во историјата на државата, изградбата на коридорите 8 и 10Д со кој Македонија станува главна крстосница на Балканот, истакна Бочварски.
Бочварски нагласи и дека централната власт дава силна поддршка на општините, за проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на граѓаните.
Силната поддршка од Владата кон општините продолжува, даваме неповратни средства за рехабилитација на локалната патна мрежа, проекти од огромно значење за локалните самоуправи и граѓаните. Денеска ги потпишав договорите за рехабилитација на улици во општина Босилово и тоа две улици во Штука и по една во Иловица и во Еднокуќево, соопшти Бочварски, пред граѓаните на Босилово.
Во Струмица Борис Тунџев и Боро Еркечов со граѓаните разговараа сработеното од страна СДСМ во изминатиот период, особено силната поддршка на земјоделците.