РАЗОРНА БОМБА ОДЕКНА – ИВОНЧЕ МИЛИОНЧЕ ГО СКРШИ МРАЗОТ: ГРУЕВЦИ ПОЧНАА ДА ПРИЗНАВААТ ВИНА И ДА МОЛАТ ЗА СЛОБОДА!!!

0
1121

Новинарката Ивона Талевска денеска пред судот призна вина за обвиненијата за даночно затајување во предметот „Тифани“ на СЈО, пренесе Канал 5.

– Признавам вина за дејствијата кои ми се товарат во обвинителниот акт на СЈО, рече Талевска.

Одбраната побара Судот да го земе предвид нејзиното признание, како и тоа што таа е државјанин на РМ, работи во Сител ТВ, има семејство во Македонија и досега не е осудувана.

Претставникот на Државното правобранителство кажа дека се бара отштета во износ наведен во обвинителниот акт.
Претходно, обвинителката Елена Јосифовска го презентира обвинителниот акт пред судијата Софија Лаличиќ. Таа побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.

Претставникот на Државното правобранителство Зоран Петковски не беше во можност да се произнесе за висината на штетата, по што беше дадена пауза, по која судењето продолжи откако тој од УЈП ги добил потребните информации.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.