РАЗОРНА БОМБА НА ФОКУС: АЈДЕЕ ЕДНИОТ ОД ДВАТА ВМРОВСКИ ВЛАДИЦИ НАСКОРО ОДИ ВО ЗАТВОР, ЌЕ ИМ СЕ НАЈДЕ НА ГРУЕВЦИ, ЌЕ ИМ ПЕЕ БЕЗ ПАРИ ЗА ПРАЗНИЦИ!

0
1252
Управата за финансиска полиција во одговор до „Фокус“ во врска со денешното задржување на Владиката Петар на скопскиот аеродром вели дека има одредени сознанија и тој предмет е во предистражна постапка.

– Во врска со информациите околу денешните случувања со Владиката Петар Управата за финансиска полиција ве информира дека има одредени сознанија, но бидејки се работи за предмет кој е во предистражна постапка не сме во можност да споделиме информации со јавноста.

Кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а истите нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме.

Ве молиме за разбирање, се вели во одговорот.

Претходно, Владика Петар во изјава за Фокус рече дека точно е дека бил задржан на аеродромот, но дека тоа било грешка и му се извиниле.