РАЗМОНТИРАНА КАТЕРИНА ВЕЛИКА ВО ОДЕСА – ГРАЃАНИТЕ ПОТПИШАЛЕ ПЕТИЦИЈА, ЦАРИЦАТА СЕ СЕЛИ ВО МУЗЕЈ

0
464

На местото на денешна Одеса уште од античко време постоел град. Властите на Одеса синоќа го демонтираа споменикот на руската царица Катерина Велика, основачот на градот. Отстранувањето го побарале граѓаните со сопствена петиција.

Споменикот ќе биде предаден на чување во Националниот музеј на Одеса, а градоначалникот на овој град најави дека ќе се изгради парк на царското и на советското наследство во кој свое место ќе најде и овој споменик.