Лидерот на СДСМ објави разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.
Тоа е разговор кој потврдува криење на опремата на МВР, пред апсењето за Монструм, рече Заев.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
СМ: Абе за ова што викаме за центаров, дали воопшто да го отвараме на 7-ми мај, ми е мене прашањето.
СМ: Е па, ај ќе видиме. Колку сте спремни…
ГЈ: Знаеш зашто?
СМ: Оти сакаат да дојдат и Израелциве.
ГЈ: Не бе, за спремни мислам дека немаме проблем, него у контекст на другава работа, знаеш. Нели ние викаме, неаме снимки, неаме ова, неаме она, а промовираме таков Центар.
СМ: Па добро, го отвараме после случкава, шо. До тогаш сме немале.
ГЈ: А бе, до тогаш сме немале, него, суштинската разлика е дали нешто до тогаш ќе завршиме со убиствово. Ако завршиме е полн погодок, знаеш.
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Ама, ако не завршиме…
СМ: Не, не, не. Тоа…
ГЈ: Ај да видиме уште ден-два, па ќе се договориме, важи?
СМ: Да, важи, важи, ај.
ГЈ: Да не прејудицираме сеа. Значи, мене ми беше таа грижа.
СМ: Важи.
ГЈ: Ок.
СМ: Ќе те барам на фиксен.
ГЈ: Важи, ајде, чао, чао.