РАДМИЛА, СПАСОВСКИ, НИКОЛОВСКИ, БОЧВАРСКИ СО ЧЕСТИТКИ ДО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ НАПИША: Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца

0
226

Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат.

Фејсбук статус на Венко Филипче.

Честитки за Zoran за новиот лидерски мандат. СДСМ за првпат доби лидер со непосредно гласање на членството, стандард кој први го воведовме. Одиме понатаму!

Фејсбук статус на Радмила Шекеринска.

На првите внатрепартиски избори во #СДСМ го потврдивме третиот мандат на Зоран Заев.

Денешните избори, претставуваат постулат на демократските вредности, каде прв пат во историјата на нашата држава, самите членови на партијата ќе си го бираат својот претседател.

Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ.

Фејсбук статус на Оливер Спасовски.

Социјалдемократското семејство го избра својот претседател, Зоран Заев! На директни внатрепартиски избори, заедно испишавме историја! Честитки!Би сакал да се заблагодарам на сите членови кои денеска го дадоа својот глас и учествуваа во првите директни внатрепартиски избори. СДСМ поставува нови стандарди и гради нови вредности!

Фејсбук статус на Љупчо Николовски.

Како државотворна партија имаме одговорност да ја унапредуваме демократијата во своите редови, но и во татаковината. Продолжуваме заедно со нови политики, први со новите позитивни промени под лидерство на Зоран Заев. СДСМ

Фејсбук статус на Благој Бочварски.