РАДЕВ ПОБАРА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ДА ЈА НАПУШТИ ПРЕДИЗБОРНАТА РЕТОРИКА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА

0
91

Македонската влада да ја напушти предизборната реторика и да се врати кон реалноста за дијалогот меѓу Скопје и Софија да продолжи. Ваква порака денеска испрати претседателот на Бугарија, Румен Радев, до македоските власти, пред средбата со македонската делегација предводена од претседателката Гордабна Силјановска Давкова, која заедно со министрите за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков, се наоѓа во работна поста на Софија. Радев изјавата ја даде одговарајќи на прашањето како го оценува дијалогот меѓу Софија и Скопје.

„МНОГУ ДОБРО ЗНАЕТЕ ДЕКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ НЕ Е ИЗЛЕЗАНА, ОСОБЕНО ВЛАДАТА, НЕ ЈА НАПУШТИЛА ПРЕДИЗБОРНАТА РЕТОРИКА. НЕКА СЕ СМИРАТ ТАМУ СТРАСТИТЕ, НЕКА СЕ ВРАТАТ КОН РЕАЛНОСТА. МНОГУ Е ЈАСНО, НАШИТЕ ОДНОСИ ПОНАТАМУ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА СЕ ГРАДАТ ВРЗ ОСНОВА НА СКЛУЧЕНИТЕ ДОГОВОРИ И ЗАКЛУЧОЦИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА. ТОА Е КРИТЕРИУМОТ ПО КОЈ НИЕ ЌЕ ГИ ОЦЕНУВАМЕ НАШИТЕ ПОНАТАМОШНИ ОДНОСИ“, ИЗЈАВИ РАДЕВ.

Радев побара Македонија да ги исполни сите обврски кои ги презеле и на билатерално ниво со Бугарија, но и пред ЕУ и сите партнери, за да можат да се развиваат односите меѓу двете земји.

„БУГАРИЈА СЕКОГАШ БИЛА ОТВОРНА ЗА ДИЈАЛОГ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. И БУГАРИЈА ОЧЕКУВА ТОЈ ДИЈАЛОГ НЕ САМО ДА ГО ПОМАГА НАШЕТО КУЛТЛУРНО ЗБЛИЖУВАЊЕ И ДА ЈА ЗАЈАКНЕ И ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И ТУРИЗМОТ, НИЕ ОЧЕКУВАМЕ СО ТОЈ ДИЈАЛОГ ДА СЕ РЕШАТ НАЈСИТНИТЕ И ОТОВРЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ МЕЃУ НАС. И ТИЕ ДА СЕ РЕШАВААТ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОРТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА, ПОТПИШАНИТЕ, ВО НЕГОВИ РАМКИ, ПРОТОКОЛИ И ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД ЕУ ОД 2022, ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ОТВОРИ ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА ПАТОТ НА НАШИОТ СЕВЕРЕН СОСЕД“, ВЕЛИ РАДЕВ.

Радев притоа, како што рече, очекува изразената желба за дијалог и разбирање од македонската претседателка Силјановска Давкова да прерасне во доследна политика на владата во Македонија. Сепак тој не откри за што ќе разговара со Силјановска во четири очи зад затворени врати по работниот ручек на двете делегации.

Радев европскиот пат на Македонија денеска ја поврза и со реализација на Коридорот – 8.

„АНГАЖИРАЊЕТО НА РАКОВОДСТВОТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА КОРИДОПРОТ 8 ЌЕ БИДЕ ЈАСЕН ПОКАЗАТЕЛ ЗА РЕАЛНИТЕ ЕВРОПСКИ АМБИЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОГОЛЕМО ПОВРЗУВАЊЕ НА НАШИОТ РЕГИОН“, РЕЧЕ РАДЕВ.

Освен средбата на Силјановска со Радев, по работниот ручек во Софија заедничка средба ќе имаат и министрите за надворешни работи и на култура на дете земји.

Извор : Телма