ПЦЕР предлага нова експертска Влада и одложување на изборите

0
338

„Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР во вчерашното соопштение бараше оставка од Владата како да знаеше дека ДУИ ќе ја напушти Владата само неколку часа подоцна од објавувањето на нашето соопштение.

Паријата смета дека ДУИ не е за одржување на избори на 5 јуни, а и ние како партија сметаме дека државата се наога во хаос и дека избори на 5 јуни не се можни.

Потегот на алтернативците,доколку е во иста насока со нашето мислење, е добар и за поздравување. Ако има некоја друга варијанта, што би било кобно за државата, односно доколку постои договор мегу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, во што ние како партија не веруваме и не би имало потреба ДУИ да ја напушти владата само четири дена пред распуштањето на Парламентот.

ПЦЕР предлага нова експертска Влада и одложување на изборите, а експертската Влада да ги презакаже изборите кога ќе смета дека се исполнети условите за непречено одржување на истите што најнапред подразбира прочистување на избирачкиот список,слободни,фер и демократски избори“, се вели во соопштението на ПЦЕР.