ПЦЕР: Лустрираните за кои Управниот суд ги поништи решенијата за лустрација надомест на штета да бараат лично од Томе Аџиев

0
704

Соопштение ПЦЕР:

Партијата за целосна еманципација на Ромите(ПЦЕР) пред неколку недели напиша дека претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев треба да одговара за угледот на тие граѓани на Македонија, кои се новинари, професори, академици, судии, адвокати, кои ги лустририраше и кажуваше дека постојат докази.

На ваквото негово тврдење Управниот Суд поништи 20 лустрации, затоа ние напишавме да се изврши заплена на имот на Аџиев и да се надомести штетатата на овие угледни граѓани на Македонија, и да се стави крај на институциите и лицата кои се инволвирани и кои по наредба ги извршувале и донесувале несодветни и неправични одлуки.

Им порачуваме на сите наши граѓани кој се лустрирани и за кои Управниот суд ги поништи одлуките на Комисијата за лустрација да бараат надомест на штетеа и углед лично од претседателот на комисијата и членовите кои гласале по наредба на Власта, односно ВМРО ДПМНЕ.