ПЦЕРМ: Избирачкиот список за Шуто Оризари е фалсификуван!

0
814

Партијата за целосна еманципација на ромите реагира и укажува на ДИК Избирачкиот список во Шуто Оризари претпазливо и со голема посветеност да се контролира.

„Ние како партија знаеме дека тој избирачки список е фалсификуван. Има многу умрени во списоците и многу кој се отселиле од Македонија. Затоа апелираме до ДИК и другите институции кои даваат податоци посебно за општината Шуто Оризари да внимаваат. Таму е направен невиден фалсификат со лични карти“, тврди ПЦЕРМ, во соопштението потпишано од Самка Ибраимоски.