Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

ПУШТЕН ВО СООБРАЌАЈОТ РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ БЕЉАКОВЦЕ – КЛЕЧОВЦЕ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, Коце Трајановски, пратеници од Собранието на РСМ, претставници од Владата на РСМ и претставници од месните заедници низ кои поминува регионалниот пат, денеска ја пушти во сообраќај делницата Бељаковце – Клечовце.

Рехабилитацијата на овој патен правец е реализирана согласно Годишната програма на ЈПДП за 2025 година, преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија пат, од каде се издвојуваат средствата за обнова на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), односно општините.

Реконструкцијата на патниот правец Бељаковце – Клечовце се одвиваше во повеќе фази: земјени работи на коловозната лента, проширување на трасата, кастрење по текот на целата делница, порамнување, тампонирање и асфалтирање на завршниот слој.

На денешниот пригоден настан беа потенцирани заложбите на Општина Куманово и државните јавни претпријатија, дека ќе продолжи процесот за унапредување и развој на руралните области во овој регион.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: ТОШКОВСКИ ДА СИ ОДИ ВЕДНАШ, ТОЈ Е ЗАШТИТНИК НА МАФИЈАТА И НАСИЛНИЦИТЕ

Прес-конференција, Богданка Кузеака, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Вчерашниот инцидент во...

ЈЕВТИМОВ: ВО ДОЈРАН НЕ СЕ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА, ТУКУ ВО ИНТЕРЕС НА СДС

Прес-конференција на Дарко Јевтимов Почитувани граѓани на Општина Дојран, Наназад 8...

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, А МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЗАКАНУВАЧОТ

Откако денеска скопското обвинителство информираше дека двајца граѓани се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ