Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

„Пуч“ ќе биде предаден на специјалниот јавен обивинител?

Одложен е почетокот на судскиот случајот „Пуч“, во кој обвинети се лидерот на СДСМ Зоран Заев, поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР.

rr11-540x405

Судијката Снежана Башевска констатираше дека иако уредно е поканет на рочиштето не беше присутен Заев поради што не се исполнети условите за почеток на процесот. Таа сакаше рочиштето да се одржи до крајот на месецот, со образложение дека двајца од обвинетите се во притвор, но на инсистирање на адвокатите 7 септемрви се одреди како датум прифатлив за сите страни.

Адвокатот на обвинетите Филип Медарски рече дека за овој случај постои политички договор да премине во рацете на специјален јавен обивнител и дека Заев јавно кажал дека нема да доаѓа на судските рочиште, на што судијката врати дека таа работи според факти, а не врз основ на јавно дадени изјави и политички договори.

Со договорот од Пржино предвидено е на 15 септември во собранието да биде избран специјален јавен обвинител кој ќе треба судскиот процес „Пуч“ да го разгледува одново, како и да ги утврдува фактите во врска со кривичните пријави што ги поднесе СДСМ, а кои произлегуваат од објавените прислушувани разговори.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ