Даша Јатискаја од Киргистан му напиша писмо на рускиот претседател Владимир Путин во кое му ја изразила желбата дека сака да има куче, но родителите немаат пари, ниту можности да ѝ го купат во нејзината земја, пишува RT.
Станува збор за куче од расата њуфаундлер. Путин решил да ја исполни желбата на девојчето и да ѝ го купи кучето.
„Вистина е, примивме писмо адресирано до претседателот од девојчето, во кое стои дека семејството не можело да си дозволи да го купи“, изјави Димитриј Песков, портпарол на претседателот.
Родителите на девојчето не знаеле за писмото и биле навистина изненадени кога го виделе кученцето, купено од одгледувачница во Казахстан и предадено од страна на рускиот амбасадор Андреј Крутко.
Даша вели дека видела фотографија на Владимир Путин со куче и претпоставила дека сака животни. Нејзин сон било да има куче од расата њуфаундлер, а сега тој сон ѝ се исполнил, пренесува руската агенција TASS.
Кучето Дар е сега нејзиниот најубав подарок од претседателот Путин.
Извор : Кајгана