ПУТИН ПОЧНУВА ВОЈНА И ВО ГРУЗИЈА : И ЈУЖНА ОСЕТИЈА ЌЕ СПРОВЕДЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА СПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈА

0
383

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17-ти јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.

„Анатолиј Бибилов (лидерот на отцепениот регион) потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов.

Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија.

Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина.

Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година.