ПУНКТОТ ЗА ДОКУМЕНТИ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ Е ВЕЌЕ ПОДГОТВЕН, ОД ПС БРАКО ИНФОРМИРААТ ДЕКА НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ВО ФУНКЦИЈА

0
345

Министерството за внатрешни работи информираше дека подготвен е пунктот за фотографирање за лични документи без закажување, во салата на Полициската станица „Пролет”. Од полицијата изразија благодарност до компанијата „БРАКО“, за која велат дека излегла во пресрет на МВР и на граѓаните, за да се забрза процесот на подготовка на салата.

Од страна на БРАКО биле изработени и донирани 20 паравани за фотографирање за лични документи.

-Деновиве системот ќе биде тестиран, а јавноста навремено ќе биде известена за отпочнување на процесот со кој овозможуваме на граѓаните во определениот законски рок, 12 февруари 2024, да ја поминат задолжителната процедура, порачаа од МВР.

Граѓаните се жалат дека системот преку кој се закажува термини за издавање лични документи не работи. Тие посочуваат дека линиите фунцкионираат, но од другата страна оператор не одговара на повиците.

Во пунктовите е предвидено фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година.

Работното време ќе биде од 8 до 18 часот.

Согласно законските одредби, до 12 февруари 2024 година, сите лични документи мора да се променат и на нив да стои новото уставно име на државата.