„Првичните податоци покажуваат дека Диого Жота и неговиот брат Андре загинале во трагичната несреќа веднаш по полноќ, на автопатот А-52 во областа Сенадиља. Центарот за итни случаи на покраината Кастиља и Леон доби неколку повици за несреќата во која возилото со двајцата млади мажи излетало и се запалило.
На терен излегоа единици на сообраќајната цивилна гарда, пожарникари и медицински екипи од Центарот за примарна здравствена заштита во Момбуе, но за жал, докторите можеле само да констатираат смрт“, пренесуваат локалните медиуми.
Тагата е уште поголема затоа што Жота пред само една недела правеше свадба со својата партнерка Рута Кардозо со која има и три деца.