На снимките кои се појавија на социјалните мрежи направени синоќа во Куманово при славење на Денот на албанското знаме, луѓето ја пцујат Србија. Шест автомобили се оштетени.
„На 28 ноември во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме“, соопшти полицијата.
Денес во Куманово pic.twitter.com/iBendjSocw
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Полициските службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. „Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола“, информира полицијата. Но, полицијата не соопшти дали трага по учесниците во прославата кои пукаа со пиштоли на плоштадот во Куманово.