Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ ГИР

Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари проштална средба со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, кому му завршува мандатот во земјава. На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието Марина Димовска.

Соговорниците разменија мислења за досегашните постигнувањата на Северна

Македонија во рамки на процесот за интеграција во ЕУ, како и за чекорите што треба да се преземат во наредниот период, во насока на исполнување на критериумите за полноравно членство. Претседателот Гаши се заблагодари за придонесот на амбасадорот Гир во овој процес и за соработката во текот на неговиот мандат, која ја оцени како мошне значајна и продуктивна.

Амбасадорот Гир го поздрави активниот пристап на Гаши во изминатиот, како што рече, краток период по неговиот избор за претседател на Собранието. Претседателот Гаши посочи на улогата на Европскиот парламент и на Делегацијата на ЕУ во земјава за донесувањето на новиот Деловник, како основа за поголема ефикасност и за олеснување на процедурите во законодавниот дом.

Соговорниците се осврнаа и на заокружувањето на прoцесот на формирање на работните тела и на меѓупартиските групи во Собранието, по конституирањето на новиот собраниски состав.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МИЦКОСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЗДРАВСТВОТО И ТРАНСПОРТОТ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ