Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ШЕИК ЈАСИМ БИН ХАМАД АЛ-ТАНИ, ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ ВО КАТАРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Шеик Јасим Бин Хамад Ал-Тани, вршител на должност во Амбасадата на Државата Катар. На средбата присуствуваше пратеникот Салим Сулејмани, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив.

Претседателот Гаши изрази искрена благодарност за исклучителната соработка и значајниот придонес на Шеикот Ал-Тани во продлабочувањето и зајакнувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар за време на неговиот мандат.

Гаши ја нагласи значајната улога на парламентарната дипломатија во развојот на севкупните билатерални односи и потребата за интензивирање на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Советот на Шурата на Државата Катар.

Вршителот на должност Ал-Тани ја истакна позитивната улога на Северна Македонија како фактор на стабилност во регионот и ја нагласи поддршката од Државата Катар за европската интеграција на нашата земја.

На средбата беше изразена заемна подготвеност за понатамошно интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете пријателски земји и за продлабочување на дијалогот на сите нивоа, а особено за унапредување на економските и трговските односи.

Претседателот на Собранието му посака на Шеикот Ал-Тани успех во идните професионални ангажмани и изрази надеж дека добрите односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во наредниот период.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ