Прочистете ги белите дробови за само 3 дена

0
704

Познато е дека пушачите имаат хронични проблеми со белите дробови. За сите нив, како и за оние кои иако никогаш во животот не запалиле цигара, сепак имаат проблем со белите дробови, прочитајте како можат да се прочистат за само три дена на многу едноставен начин.

Еве како тоа да се постигне во рок од три дена:

Два дена пред овој метод мора да престанете со консумирање на млечни производи. Во вечерните часови пред првиот ден на режинот мора да испиете чаша билковен чај пред спиење.

Овој чај ќе им помогне на вашите црева што полесно да се ослободат од токсините. Тоа е многу важно за да им се помогне на белите дробови да не бидат преоптеретени во текот на детоксикацијата.

ПОСТАПКА:

Исцедете сок од два лимона и измешајте со 300 мл вода. Испијте го овој сок пред појадок.

Потоа, после појадокот испијте 300 мл свеж сок од цитрон или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се многу важни за здравјето на белите дробови.

Помеѓу појадокот и ручекот испијте 300 мл свежо исцеден сок од морков. Овој сок ќе придонесе за подобрување на крвта.

Во текот на ручекот испијте 400 мл сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемен за чистењето на белите дробови.

РЕЦЕПТ ЗА СОК:

350 г пашканат

350 г зелена пиперка

200 г поточарка

350 г краставица

Сите состојки ставете ги во соковник.

Исто така, пред спиење треба да се испие околу 400 мл сок од брусница.

Во текот на овие три дена, освен соковите, треба да се прават кардио вежби и доволно да се спие. За да се подобри ефектот на детоксикацијата може да направите топла бања во траење од 20 минути.

Можеби на прв поглед ви изгледа комплицирано и напорно, но верувајте дека белите дробови ќе ви благодарат, а после третманот ќе се чувствувате како препородени.