Професорот по меѓународно право Тони Дескоски го оцени како државничко и одговорно поведението на министерката за образование Весна Јаневска која во своја официјална изјава земјава ја именуваше со придавката Северна.
– Таа како министер во владата е должна да го почитува Уставот, а според Уставот државата ни е преименувана во Република Северна Македонија. На сите кои бевме против промената на името ни се гади од сторениот злочин. Историјата ќе им суди на оние кои тоа го изведоа. Но, реалноста е дека имаме ново име и државните функционери се должни да го употребуваат, вели професорот Дескоски во објава на својот фејсбук профил.
– Државата, а и ние како нејзини граѓани немаме никакво фајде од тоа што државните функционери би пркоселе на Уставот и на Западните сојузници со прекршување на Преспа. Напротив, од пркосењето би трпеле огромна штета, заклучиува професорот.