Професорот Нестор Огинар го запука Братислав Димитров, бедниот слуга на Грујо : Собирањето потписи на „патриотите на ВМРО ДПМНЕ“ е кукавички и фрлање прашина во очи на народот

0
1853

nestor og

Професор Нестор Огинар му пишува на Братислав Димитров, еден од најекспонираните од  “граѓанска“ екипа за одбрана на Груевски од Заев.

Се срамам, вели професорот Одинар, вмровец од почетокот на партијата и член на задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ во САД, од вашиот најнов обид да фрлате прашина во очите на македонскиот народ, денес кога е неопходно да ја види вистината со широко отворени очи!

Зошто се криете исплашено, кукавички и неморално зад Македонскиот народ од кого барате суд и осуда за нешто за кое вие знаете дека е во доменот на власта? Не постои пример во светот каде што се собирале потписи за да некоја си личност се прогласи за велепредавство.

Велепредавството е чин за кој одговор треба да најде државата.

Зошто вие, бедни слуги на еден криминален режим, му ја префрлате моралната и уставна одговорност на народот и барате од него да потпише нешто за кое што треба да се грижат оние кои што тој ист народ ги избрал? Знаете што, Вие не сте достојни да бидете Моралниот компас на нашиот измачен и изневерен народ.

Со вашата постапка вие само го браните криминалното владеење на една од најлошие влади во Македонија. Да, во право се…Зоран Заев е Велепредавник, но единствено ако на таа листа прад него го ставите и вашиот политички патрон Никола Груевски…