ПРОТЕСТ НА ПРИЛЕПСКИТЕ РОМИ ПРЕД ОПШТИНА ПРИЛЕП – ГЕГЕ ДЕМИРОВСКИ : ГРАДОНАЧАЛНИК, ТЕ БАРАМЕ НИЕ РОМИТЕ ТУКА ПРЕД ОПШТИНА ПРИЛЕП ДА ОДГОВОРИШ ЗОШТО ГИ ЛАЖЕШ РОМИТЕ ЗА РАБОТА, ПОРАДИ ИСКЛУЧЕНАТА СТРУЈА И ПОРАДИ ЛОШАТА ИНФРАСТРУКТУРА, ДОАЃАМ СО ПОМАЛ БРОЈ НА РОМИ, НАРЕДЕН ПАТ ЌЕ ДОЈДАМ СО РОМИ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА

0
410

Денешниот протест од страна на ромите од прилепската населба ,,Тризла” каде предводник е Геге Демировски пред Општина Прилеп изјави дека градоначалникот Борче Јовчески им ветувал на ромите вработувања, подобрување на инфраструктурата како и решавање на проблемот со струјата бидејќи како што Демировски претходно изјави на улиците во ромската населба морало да светат со телефони за да гледаат во ноќта.

Демировски исто така најави радикализирање на протестот доколку не се исполнат барањата на ромите или поточно лично градоначалникот Борче Јовчески и општината да им излеат во пресрет на нивните барања за решавање на проблемите.