Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА НА СИТЕ 67 ЖРТВИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ВАШИНГТОН

Посмртните останки на сите 67 жртви од судирот на патнички авион на „American Airlines“ и воен хеликоптер што минатата недела се случи над реката Потомак, се извлечени од водата. Речиси сите се идентификувани. Во меѓувреме, Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека ги анализира најновите податоци што покажуваат дека хеликоптерот го надминал максималниот дозволен плафон на летање од 61 метар.

Според податоците од радарските сензори и други извори на главниот екран од контролата на летање на аеродромот, хеликоптерот летал на височина од 91 метар, соопштија од НТСБ. Истражителите изјавија дека за да се потврдат овие бројки потребни се повеќе информации од хеликоптерот, што сè уште е под вода. Авионот летал на висина од 99 метри, со минус седум до осум метри погрешност.

-Семејствата на жртвите кои ја преживуваат оваа трагична загуба се во нашите срца, се наведува во заедничката изјава на градските и федералните агенции кои учествуваат во потрагата. Од реката се веќе извлечени десното крило на авионот, централниот дел на трупот, делови од предната кабина, фрагменти од опашниот капак и вертикалниот стабилизатор. Властите изјавија дека сега се фокусирани на вадење на остатоците на авионот и се надеваат до крајот на неделата да го извлечат и хеликоптерот.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ