Првиот извештај за сударот на патнички авион и воен хеликоптер на аеродромот Реган во Вашингтон се очекува во рок од 30 дена. Пронајдени се првите црни кутии во најсмртоносната американска воздушна несреќа во повеќе од 20 години. Инспекторите пронашле диктафон од пилотска кабина и снимач на податоци за летот од урнатиот патнички авион „Бомбардер“ ЦРЈ700, јавува Би-Би-Си.
Првиот извештај за сударот на патнички авион и воен хеликоптер на аеродромот Реган во Вашингтон се очекува во рок од 30 дена. Тод Инман од Националниот одбор за безбедност на транспортот (НТСБ) изјави дека воениот хеликоптер е опремен со „некоја форма на уред за снимање“ и дека податоците ќе ги читаат тие или Министерството за одбрана.
Тој рече дека НТСБ и одделот имаат договори за споделување податоци за тие уреди за снимање. Во несреќата загинаа 67 патници, од кои 60 патници на авионот на „Американ ерлајнс“, четворица членови на екипажот и 3 членови на екипажот на воениот хеликоптер „Блек хок“.