ПРОНАЈДЕНИ СЕ ДВЕТЕ ДЕВОЈЧИЊА ОД СТРУМИЦА ПО КОИ ДЕНЕС СЕ ТРАГАШЕ КАЈ ЏАМБО ВЕРО , ТИЕ СЕ УПАТИЛЕ КОН ОЛИМПИСКИ БАЗЕН, ДЕВОЈЧИЊАТА СЕ БЕЗБЕДНИ И СЕ НАОЃААТ ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА БЕКО

0
704

На социјалните мрежи беше објавено видео од една од надзорните камери на кои се гледаат двете девојчиња од Струмица по кои се трага. На видеото се гледа дека тие од Веро Џамбо се упатуваат во насока на Олимписки базен.

Двете девојчиња од село Петралинци, Струмица, денеска исчезнале во Скопје. Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои заминале во Скопје на школска екскурзија.
Последно биле видени кај Веро Џамбо, забележани се на видео снимки од безбедносните камери, и по нив се трага од околу 16 часот.
Роднина на едно од девојчињата за ,,Фокус” вели дека поголем број на блиски луѓе на семејствата на девојчињата веќе се дојдени во Скопје и ги бараат насекаде, по сите улици.

-Молиме за помош од јавноста, доколку некој ги види, веднаш да ни се јави или да пријави во полиција. Девојчињата се другарки, потекнуваат од исто село, не знаеме што се случило. Уште кога ги снемало, нивни школски другарчиња им ѕвонеле, но телефоните им се исклучени – вели близок роднина.