Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на Западот само уште еднаш потврдуваат дека „европските вредности“ поддржуваат истребување на се што е руско, истакна портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација – Марија Захарова. „Тие злосторства се уште една очигледна потврда за терористичката и неонацистичка природа на режимот во Киев“, одговори таа на прашањето на новинарот да ги коментира телата на цивилите откриени вчера во селото Руско Поречно во областа Курск, кои беа безмилосно мачени и убиени од неонацисти.
Таа забележа и дека се спречуваат обидите да се расветлат злосторствата на Киев, а сите се преправаат дека ништо не се случува. „Очигледно е дека нема да слушнеме никаква реакција од меѓународните структури, како ОБСЕ и ОН“, посочи Захарова со претпоставка дека можат да се изјаснат само со некои вообичаени фрази дека се „против насилството“ не значи ништо. Затоа самата Руска Федерација ќе ги преземе неопходните чекори за откривање и казнување на виновниците, посочи таа.